Почина жената која што беше застрелана во Капитол (видео)

Почина жената која што беше застрелана пред Конгресот на САД за време на немирите, јави Си-Ен-Ен.
Претходно, медиумите јавија дека полицијата во Вашингтон застрела една жена од демонстрантите пред зградата на Капитол. Таа е однесена на носилки, облеана во крв. Телевизијата исто така јави дека зградата на Конгресот е „сигурна“, односно дека во неа нема повеќе демонстранти.
Агенти на Федералното биро за истраги (ФБИ) влегоа во Конгресот на САД, откако демонстрантите кои денеска упаднаа во законодавниот дом ја напуштија зградата, по видео обраќањето на претседателот Доналд Трамп.
Но, иако тој ги повика да заминат дома, толпата се уште е пред Конгресот, а се забележуваат и групи по централното подрачје на Вашингтон.
Во 18:00 часот по локално време во Вашингтон почна полициски час кој беше воведен претходно од градоначалничката Мјуриел Баузер. Таа ја повика и Националната гарда во помош да се воспостави поредок во градот.
На Твитер се појави снимка на која се гледа жената непосредно откако беше застрелана. (Вознемирувачко видео)
A young woman was just shot in the neck right besides me in the Capitol Building pic.twitter.com/hLQo4IP8J1
— Tayler Hansen (@TaylerUSA) January 6, 2021