Шверцер на марихуана пребегал во Албанија, се пукало на границата
Во вторникот, во 20.30 часот, кај гробиштата во село Спас, дебарско, полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин и Граничен надзор „Блато“ забележале лице како се движи по граничната линија со најлонска кеса во рацете.
Полициските службеници издале наредба да застане, но лицето почнало да бега и ја фрлило кесата. Биле испукани и неколку предупредувачки истрели во воздух, но лицето преминало на територија на Република Албанија. Подоцна, во кесата биле пронајдени две пакувања со марихуана со тежина од околу два килограми. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.