Шведските средношколци за прв пат преминуваат на онлајн учење


 

Прв пат од почетокот на пандемијата од корона вирус, во Шведска средношколците постари од 16 години следната недела, преимнуваат на онлајн настава.

„Ова го правиме за да го спречиме ширењето на вирусот“, порача неодамна премиерот Стефан Ловен.

Тој ги предупреди учениците дека преминувањето на онлајн учење не е изговор за продолжен божиќен распуст и забава со пријателите, пренесе Индепендант.

„Целта е да се намали метежот, на пример во јавниот превоз. Исто така забележавме дека инфекцијата значително се пренесува меѓу таа популација“, рече Јохан Карлсон, директор на Агенцијата за јавно здравје.

Иако подоцна од останатите европски земји, Шведска во последниот месец се бори со вториот бран од корона вирусот. Од средината на ноември на сила се некои рестриктивни мерки како што е забраната за собирање повеќе од осум луше.

„Ќе дојде ден кога работите ќе се вратат во нормала, но се уште не е дојден тој ден“, заклучи премиерот на Шведска.