Шведска: Паднал од седми кат и усмртил друг на концерт на АББА

Две лица загинаа, а едно е повредено денеска во концертната сала во шведскиот град Упсала, кога еден од нив паднал врз двајца гледачи на концерот, од седми кат, соопшти полицијата.
Илјада гледачи се собрале во концертната сала во Упсала, која е модерна висококатница, каде требаше да се одржи концерт во чест на познатата шведска поп-група АББА.
„Добивме повик во врска со лице кое скокнало и паднало од голема височина во концертната сала во центарот на упсала“, рече портпаролот на полицијата Магнус Јансон Кларин.
Концертот е откажан
Во предворјето на концертната сала има отворен простор во кој паднало лицето од седми кад, врз две други лица, од кои едното почианло, а другото е со полесни повреди. И паднатиот починал. Портпаролот не го откри идентитетот на жртвите додека не ги извесри нивните семејства.
„Прерано е да се каже дали станува збор за казнено дело“, истакна Кларин.
Несреќата се случила нешто пред 18 часот по средноевропско време додека посетителите влегувале. Концертот требало да почне во 19.30 часот, но поради несреќата е откажан.