Швајцарските банки одбиле секое трето барање за потрошувачки кредит

Швајцарските банки во 2024 година одбиле рекордни 35,5 отсто од барањата за потрошувачки кредити, објави порталот „Кредитферглајх“, повикувајќи се на податоците од централниот регистар на кредитни информации.
Станува збор за пораст во однос на претходната година, кога стапката на одбивање изнесуваше 30,8 отсто, пренесе „Свисинфо“.
Главна причина за одбивањето е недоволната солвентност на клиентите. Вкупната вредност на активните договори за потрошувачки кредити значително е намалена, што покажува дека построгата кредитна политика веќе има силно влијание врз пазарот.
Според експертот на „Кредитферглајх“, Јоахим Келмел, уделот на одбиени барања е највисок во историјата, а намалувањето на обемот на трансакциите покажува дека пазарот во 2024 година не само што е помал, туку е и многу поселективен.