Швајцарија: Маж рани три деца со нож во градинка, храбарa вработенa го совлада


Маж денеска со нож упаднал во градинка во швајцарскиот град Цирих и повредил три деца, соопшти локалната полиција, а истакната е улогата на вработенат во градинката која го совладала и го држела до доаѓањето на полицијата.

Како што пренесуваат швајцарските медиуми, повикувајќи се на полицијата во Цирих, неименуван маж повредил три петгодишни момчиња, кои се во локална болница. Полицијата соопшти и дека едно од момчињата е тешко повредено, но нивната моментална состојба не се открива.

Мажот набрзо бил уапсен, а засега е соопштено дека се работи за 23-годишен кинески државјанин.

Медиумите ја истакнаа и улогата на неименувана вработена во градинка, која со помош на друг маж го совладала напаѓачот и успеала да го задржи додека не дојде полицијата на местото на настанот.