Шумското производство помало за пет отсто
Вкупното производство на шумски производи во државните шуми во второто тримесечје од 2020 година, во однос на второто тримесечје од 2019 година, е намалено за 5.0 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.
Зголемување на шумското производство е забележано кај трупците од иглолисни видови, рудничкото дрво од листопадни видови, друго обло дрво од иглолисни видови, просторното дрво од иглолисни видови и огревното дрво од иглолисни видови.
Намалување на шумското производство е забележано кај трупците од листопадни видови, рудничкото дрво од иглолисни видови и огревното дрво од листопадни видови.
Во истиот период продажбата на шумски сортименти изнесува 128 775 м3 и бележи зголемување за 3.9 отсто.с