Шилегов: „Дрисла“ ќе стане модерен центар за преработка на отпад
Скопската депонија „Дрисла“ ќе премине во модерен центар за преработка на отпад по светски стандарди, со што повеќе нема да го загрозува здравјето на скопјани, најави денеска кандидатот и актуелен градоначалник на Скопје, Петре Шилегов.
Тој потсети дека скопската депонија „Дрисла“ беше извор на загадување, каде што се гореше и складираше опасен отпад, а нејзината криминална продажба и управување, го доведуваше здравјето на скопјани во ризик. „Ова е минато, благодарение на нашите напори да ја вратиме и успеавме, ја вративме „Дрисла“ во владение и сопственост на градот“.
– Спречивме горење и складирање на опасен отпад, нешто што претходно беше главен бизнис на ВМРО-ДПМНЕ. Цели девет години откако беше отидена „Дрисла“, немаше ништо вложено во неа. Девет години немаше ниту една инвестиција, а ние за година и пол успеавме да набавиме нов стерилизатор за третман на медицински отпад од познатата италијанска марка „циса“, иновативен систем, целосно автоматизиран со висока технологија и квалитет. Со набавката се стави крај на неогдоворното и несовосно постапување со медицински отпад, односно несоодветната обравотка на медицинскиот отпад којашто потоа завршуваше на „Дрисла“ како обичен отпад, што претставуваше потенцијална опасност за животната средина и здравјето на граѓаните – рече Шилегов на прес-конференција.
Градежните машини со кои располага „Дрисла“ се комплетно сервисирани во сервисот на претпријатието и повторно се вратени во употреба. Веќе не трошиме пари за изнајмување градежни машини. Старите теренски возила се заменети со три нови теренски возила, неопходни за движење по простапните патишта на депонијата, кои се тешко проодни за лесни моторни возила.
По 10 години комплетно се отворени и дренажните канали околу целата депонија. Редовно се мери и амбиенталниот воздух со новата мерна станица. Воведен е и нов софтвер за процесите на депонијата согласно европските стандарди. Поставен е нов видое-надзор на целата површина на депонијата.
– Денес, граѓаните на Скопје може да бидат спокојни. „Дрисла“ повеќе не го труе нашиот град. Во „Дрисла се работи законски. Не се согорува опасен увозен отпад, како во времето на ВМРО-ДПМНЕ и со тоа здравјето на граѓаните повеќе не е во ризик – рече Шилегов.
Со најновата ивестиција „Дрисла“ почна со преработка на градежниот отпад и шут од дивите депонии, каде го истураат несовесни граѓани.
– Така, наместо да се плаќа за депонирањето на шутот, кој што сега ги мотивира граѓаните да го одлаагат на диви депонии и да ја загадуваат природата, тоа ќе може да го одлагаат во депонијата, која потоа ќе го преработува и ќе произведува градежни материјали, додаде Шилегов.