Штипјанецот Зоран Мијалков реагира дека неговиот син два месеца не оди на училиште


Помалиот син на штипјанецот Зоран Мијалков два месеца не оди на училиште, бидејќи ги нема примено сите вакцини. Мијалков, кој на јавноста и е познат по здружението „5 до 12“ на денешната прес-конференција истакна дека заедно со адвокатот Трајче Торов поднеле тижба против Уставниот суд затоа што дете со аутизам, кое ги нема примено сите вакцини не е запишано во прво одделение.

Адвокатот Торов вели дека тужат и по основ на молк на администрацијата, бидејќи од мај кога се доставени документите за упис во прво одделение за малиот Никола па се до денеска немаат добиено никакво писмено известување од надлежните Комисии за уписи. Според него законот е јасен и казната за невакцинирање е прекршочна, за што родителите можат да ја платат. Но, смета дека на овој начин се прави дискриминација на детето.

-Основното човеково право за обраозвание ни е ускратено. Значи кога ги виде маалските деца со ранците и тој си го зима неговиот ранец. Сега јас морам да го носам во игротека да глумеме школо, вели Мијалков.

Раководството на Општинското Основно училиште „Ванчо Прќе“ со став дека работат согласно законите и препораките на Министерството за образование, а кое на 23. Октомври на нивно барање им испратиле мислење дека детето може да се запише на училиште со потврда за одложување на вакцината.

-Отако го донесоа потребниот документ, ние реагиравме и Министерството за образование и наука е на мнение дека ученикот треба да биде запишано во нашето училиште, вели Папаров.

Смета дека случајот е решен оти родителот е известен дека неговото дете може да почне со наставата во прво одделение. Мијаков на службите во училиштето најавил дека неговиот син со настава ќе стартува од утре.