Штетите од бури и поплави експлодираат: Изнесуваат трилиони евра
Финансиската штета предизвикана од силни бури и поплави се зголемила повеќекратно од 1980 година, според најголемиот осигурител во светот Munich Re.
Листата на најголемите економии во светот со најмногу пријавени штети ја предводат Соединетите Американски Држави со 2,7 трилиони долари, по што следува Кина со 680 милијарди, според анализа објавена претходно оваа недела од аналитичарите на компанијата.
И покрај високата бројка, трошоците за катастрофи во Кина всушност се намалија во последните децении поради подобрената заштита од поплави, според анализа објавена пред конференцијата на Обединетите нации за климатските промени што ќе се одржи во Бразил.
Во Германија, една од земјите со најголем раст на штетите, износот се зголемил петкратно, пишува Munich Re.
Компанијата проценува дека од 1980 до 2024 година е евидентирана штета од околу 210 милијарди долари, што ја става на третото место, заедно со Индија.
За ова значително придонесоа катастрофалните поплави во долината Ар во 2021 година, кои предизвикаа штета од 42 милијарди долари, пишува германската агенција dpa.
Канада, Италија и Франција исто така забележаа значителен раст, а во нешто помала мера Индија, Јапонија и Бразил.
Munich Re гледа јасна врска со климатските промени: бурите се случуваат почесто од порано, но тие се и поекстремни, пренесува dpa.