Шпанија погодена од пеколни горештини во мај
Температурите во одредени региони достигнаа до 40 Целзиусови степени што се нема никогаш случено во ова време од годината
Делови од Шпанија го доживуваат најтоплиот мај досега со температури над 40 Целзиусови степени и на некои места, според државната метеоролошка агенција АЕМЕТ. Агенцијата издаде предупредувања за топлина во 10 региони за сабота, велејќи дека тоа би можело да биде „еден од најинтензивните“ топлотни бранови во последните неколку години.
Градот Хаен во јужна Шпанија во петокот ја забележа највисоката температура во мај од 40 степени.
Климатските промени ги прават топлотните бранови почести и поинтензивни.
Непогодно топлото пролетно време во Шпанија е резултат на топлиот воздух што доаѓа од Северна Африка, предизвикувајќи зголемување на температурите и до 15 степени Целзиусови над просекот за овој период од годината.
Најпогодените региони се Андалузија на југ, Екстремадура на југозапад, Мадрид и Кастилја Ла Манча во центарот и Арагон на североисток.
Министерството за здравство на Шпанија ги повика жителите да пијат многу вода и да останат на ладни места кога е можно. Исто така, на луѓето им се советуваше да ја намалат физичката активност.
„Оваа година се чини дека отиде директно во лето, но мораме да продолжиме“, изјави за новинската агенција Ројтерс, чистачот на патишта во Мадрид, Росио Васкез (58).
Туристите исто така ја чувствуваа топлината.
„Очекував малку посвежо, посвежо време“, изјави 32-годишниот Ерик Солис за агенцијата Франс прес за време на патувањето во Мадрид од САД. Тоа „не е премногу погодно за туристите“, додаде тој.
Температурите во текот на ноќта, исто така, беа невообичаено високи и во петокот навечер се задржаа над 25 степени во неколку области. Во Хаен, минималната температура од 25,9 Целзиусови степени беше највисоката досега забележана во копното на Шпанија.
Научниците велат дека топлотните бранови најверојатно ќе станат почести и поинтензивни ширум светот, бидејќи глобалните температури растат. Нивното влијание, исто така, веројатно ќе биде пошироко распространето.