Шолц: Никогаш не ги заборавајте негативните аспекти на обединувањето на Германија
Германскиот канцелар Олаф Шолц ги предупреди германските граѓани никогаш да не ги заборават негативните последици од повторното обединување за некои од луѓето во поранешна Источна Германија.
– За милиони источни Германци, тогашниот пресврт значеше ослободување и нов почеток. Но, за милиони, пресвртот во годините по повторното обединување значеше пред сè едно: колапс, рече тој додека нацијата го одбележува повторното обединување, a овогодишниот главен настан се одржува во северниот град Шверин.
На многумина им пропадна целиот живот, што беше „девалвација на нивното знаење, нивните искуства, нивниот животен труд“, истакна Шолц.
– Тоа е исто така дел од историјата на Германија од 1990 година. Тоа никогаш не смее да се заборави или да се фрли под тепих, додаде германскиот канцелар.