Шилегов: СДСМ е заробена партија од двајца октроирани „лидери“!


Шилегов и Заев на реконструкција на клучката кај момин поток во 2021 година (Фото: Б. Грданоски)

 

Доцна ноќеска, поранешниот градоначалник на Скопје и висок партиски функционер на социјалемократите, Петре Шилегов, со објава на Фејсбук остро го критикуваше сегашното раководство на СДСМ, алудирајќи на двоецот Заев-Филипче.

Според него, партијата е „заробена“ уште од 2019 година и управувана од „октроирани лидери“ со интереси кои не се поврзани со членството, туку со лични алијанси.

„Ај да не се лажеме! СДСМ е заробена партија… Тоа не е СДСМ,“ напиша Шилегов, сугерирајќи дека сегашната структура на партијата служи на тесни интересни групи.

 

Инаку, по неуспешниот настап на партијата на последните парламентарни и претседателски избори, Венко Филипче стана претседател на партијата, а за ноември тој најавува најавува ново раководство, избрано на Конгрес.

Филипче во ноември најави ново раководство на СДСМ

Портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска денеска на прес-конференција, коментирајќи ги објавите на Петре Шилегов, изјави дека СДСМ имаше легитимни внатрепартиски избори на кои го избра новиот лидер во постапка во која учествуваа дури четворица кандидати.

„СДСМ е најдемократска партија во државата која единствена го бира својот претседател на демократски и непосредни избори. Оттаму легитимитетот на претседателот на СДСМ не може да се оспорува. Немаме намера да навлегуваме во лични напади и остануваме посветени на демократските принципи кои ги почитуваат различните ставови, но во рамките на цивилизиран дијалог“, рече Кузеска.