Шилегов: Автобуси на водород од февруари за почисто Скопје
Се наоѓаме на половина од мојот мандат. Две години сме заедно. Ги решаваме проблемите коишто ги затекнав чекор по чекор. Ги решаваме на начин којшто ќе овозможи Скопје да стане град каков што веројатно секој од нас потајно го посакува, порача синоќа градоначалникот на Град Скопје на трибината „Чекор по чекор за Скопје, две години со Петре Шилегов“.
Вети целосна трансформација на Градот, сосема поинаков јавен превоз, поголема грижа за зеленилото и третманот на комуналниот отпад, доизградба на велосипедски патеки на сите делови од Скопје дури и на Пластичарска улица, пошумување на Водно, интегрирано и инклузивно образование за сите, похуман третман на бездомните животни,….

-Во нашиот град ќе имаме јавен транспорт на 21. век којшто ќе продуцира емисија на нула штетни госови во атмосферата за што по наша прооценка се потребни околу 100 милиони евра. Ќе го развиваме паралено по двете главни трансферзали, исток – запад и север – југ, односно Ново Лисиче – Ѓорче Петров и Кисела Вода – Бутел. Системот подразбира дека на секој три ипол до четири минути ќе имаме по едно возило на станица и дека тој сообраќај ќе биде физички издвоен од останатиот сообраќај. Автобуските линии како што ги знаеме повеќе нема да постојат, туку ќе има линии за снабдување кои ќе ги носат граѓаните до првата допирна точка со главните трансферзали и од таму ќе можат да се транспонираат и да стасаат на посакуваната дестинација, рече Шилегов.
Тоа, потенцира, овозможува да го направиме нашиот центар забранет за движење на автомобилскиот сообраќај.
-Во наредната година ќе бидеме сведоци на почеток на целосна трансформација на сообраќајот во малиот и средниот ринг во нашиот град, со сериозни инфраструктурни зафати коишто ќе овозможат современи сообраќајни решенија за движење на граѓаните и на јавниот транспорт. На крајот на мојот мандат сето тоа ќе биде завршено и ќе можеме да зборуваме за едно сосема поинакво Скопје. Паралелно со сообраќајот ќе го промовирами и актуелизираме системот на алтернативен транспорт, посочи Шилегов.

Вети пошумување на Водно за што, како што рече, веќе е направена спецификација, а во соработка со Шумарскиот факултет е изработена и студија за типот и видот на дрвја кои откако ќе бидат засадени нема да бидат уништени.
-Постапката започнува и некаде во пролетното садење ќе бидеме заедно кога ќе го пошумуваме Водно. Второ, оваа пролет сме на средина со студијата за Водно која ќе придонесе планината да биде дел од активниот живот на скопјани со посебно означени патеки, со патеки за велосипедисти, патеки за пешаци, набљудувачници и секој тип адреналински парк. Некаде до средината на летото наредната година сето тоа ќе биде атрактивно за луѓето да бидат таму. Пред Нова година ќе го добиеме документот и на пролет ќе почнеме да го спроведуваме, со 450 илјади евра ќе влеземе во сериозна урбанизација, натурализација – правење на содржини на планината без да имаме деверзација на растителниот и животинскиот свет таму, истакна Шилегов.

Градот Скопје, додаде, сериозно се занимава со инклузивноста и интегрираноста во процесот на образованието.
-Во текот на минатата година како институција продуциравме сертифицирани асистенти на лица со попреченост за да можеме нив да ги вклучиме во процесите на настава. Во училишта изградивме посебни тоалети, во две или три имаме и лифтови, со цел училиштето да биде достапно за секое дете со попреченост…. Минатата година започнавме и со реализација на пилот проект за интегрирано образование. Мојата желба и идеја беше дека децата треба да се запознаат. Всушност различностите не прават исти колку и да звучи апсурдно. Иако сме различни, сепак сме слични дури и во религијата. Моја желба е тоа да се промовира. Пред два дена на Советот усвоивме најбитен документ во овие две години – Интегрирано образование на сите средношколци, за децата да се запознаат едни со други. Тогаш многу повеќе се сакаат, почитуваат и се помагаат без разлика на етничките, религиските различности. Скопје нека биде град на интегрираност. Да не зборуваме за една или друга страна на Вардар, да зборуваме за едно единствено Скопје, нагласи Шилегов.

Порача дека многу брзо во Градот ќе бидат промовирани контејнери за селектирање комунален отпад и додаде дека од околу 560 контејнери што се набавени досега се презентирани околу стотина.
-Многу бргу ќе бидат промовирани и контејнерите за селектирање на отпад. Годинава е само почеток на имплементација на тотално новиот концепт на третман на комуналниот отпад во нашиот град. Мојата идеја е секоја зграда да има свој контејнер пред својот влез. Дрисла мислам дека конечно ќе успееме да ја земеме во владение. Сметам дека за три до пет години отсега ќе ја имаме целосната инфраструктура за да можеме да воведеме целосно селектирање на отпадот. Јавноста ќе сведочи на здружување на инспекциски тимови на Градот и на градските општини и ќе започнеме со казнување, посочи Шилегов.