Шестмина приложиле фалсификувани документи на скопскиот аееродром
Вчера во 16 часот полициски службеници на граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“ уапсиле 6 лица, странски државјани. Четворица биле од Непал, еден од Индија и еден од Бангладеш. Причината поради која биле лишени Б.С.(31) од Индија и Ј.А.(22) од Бангладеш е поради тоа што проложиле фалсификувани документи за привремен престој во Кипар.
Останаите лица Ј.К(41) P.T. (24), P.T. (25) и С.К.(28), сите од Непал приложиле фалсификувана виза. Лицата биле задржани во полициска станица и во службен разговор изјавиле дека документите ги набавиле од лице во Дубаи.
По целосно документирање на случајот, против сите нив ќе бидат поднесени соодветни пријави соопштија од МВР