Шестиот пакет мерки помина во Влада


Битиќи: Аплицирањето за третиот пакет ќе биде едноставено и познато во следните две до три недели
 

„Денес го усвоивме шестиот пакет мерки и ставаме на располагање 17,8 милиони евра за 12 категории на економски субјекти. Со ова ќе се поддржат близу 10.000 компании и околу 60.000 вработени“, изјави денес вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.

Тој наведе дека се креирани соодветни мерки и за угостителските објекти кои беа затворени во изминатите две недели, а истата одлука ќе важи до 27-ми април.

„Ќе има бидат покриени 30 проценти од приходите, кои ќе се пресметуваат како просек од просечните месечни приходи во изминатите години. Исто така предвидени се мерки и за фитнес-центрите, рестораните за свадби, игротеките, ноќните клубови“, посочи Битиќи.

Денес беше соопштено дека фирмите и самостојните вршители на дејност од денеска до 30 април ќе можат да аплицираат за финансиска поддршка за исплата на платите за февруари и март, опфатени во петтиот сет економски мерки, за кои се издвоени 1,9 милијарди денари, а со кои плати треба да земат 60 илјади работници.