Шест жртви во земјотрес во Непал со интензитет од 6,6 степени по Рихтер


 

Земјотрес со интензитет од 6,6 степени според Рихтеровата скала го погоди утринава Непал, соопшти сеизмолошкиот центар во државата, а локалните медиуми пишуваат дека има шест жртви.

Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар претходно информираше дека станува збор за земјотрес со интензитет од 5,6 степени.

Земјотресот ги стресе граѓаните на Непал утрово во два часот по локално време, а се почувствува и во северниот дел на Индија.

Според медиумски извештаи, земјотресот е почувствуван и во Њу Делхи и блиската околина.