Шефот на Европскиот банкарски одбор (ЕБА), Жозе Мануел Кампа, поднесе оставка

Претаседателот на Европскиот банкарски одбор (ЕБА – European banking authority), Жозе Мануел Кампа, поднесе оставка „од лични причини“, потврди портпаролката на агенцијата во медиумите за неговото заминување повеќе од три години пред крајот на неговиот мандат.
Кампа објави на последниот состанок на надзорниот одбор дека ќе ја напушти функцијата на крајот на јануари следната година, додаде портпаролката во петокот.
Шпанецот е на чело на ЕБА од март 2019 година, заменувајќи го првиот раководител на агенцијата, Италијанецот Андреа Енри. Минатата година, мандатот на Кампа беше продолжен за уште пет години, до мај 2029 година.
Блумберг го објави неговото заминување минатиот петок, а портпаролката на ЕБА го потврди тоа за шпанската новинска агенција ЕФЕ, наведувајќи дека Кампа заминува „од лични причини“.
ЕБА ќе преземе сите соодветни чекори за да обезбеди непречена транзиција до назначувањето на нов претседател, изјави портпаролката.
Агенцијата е основана во 2011 година и беше со седиште во Лондон до Брегзит, пред да се пресели во Париз.
Инаку, Независен.мк имаше можност да разговара со Кампа како прв човек на независниот орган на ЕУ, кој игра клучна улога во заштитата на интегритетот и робусноста на банкарскиот сектор на ЕУ за поддршка на финансиската стабилност во ЕУ. Тој во октомври минатата година во Скопје учествуваше на Конференцијата на Народната банка која како централна тема ја имаше работата на централните банки во сегашниот предизвикувачки амбиент, пред се задржување на независноста и кредибилитетот во работењето на централните банки, при истовремено зајакнување на капацитетите за исполнување на новите задачи коишто ги добиваат централните банки во изминатава декада.
Еве го линкот до интервјуто: