Шахпаска: Со четвртиот пакет мерки над 283.000 граѓани ќе добијат вкупно 27,6 милиони евра
Поддршката на граѓаните и стопанството продолжува и никој нема да биде изоставен. Четвртиот пакет економски мерки кој се однесува на делот на директна поддршка преку ваучери опфаќа над 283.000 граѓани, а нејзината вредност е 27,6 милини евра, рече денеска на прес-конференција министерката за труд и социјална политика Јагода Шехпаска.
Таа истакна дека во овие сериозни времиња приоритет за државата се најранливите категории граѓани оние на кои помошта и поддршкаа им е неопходна и најпотребна. Затоа, посочи, четвртиот пакет мерки покрај тоа што обезбедува директна поддршка за секое работно место обезбедува поддршка за невработените лица за социјално ранливите категории како што се пензионерите со ниски пензии и самохраните родители.
– Обезбедуваме економска и социјална сигурност преку платежни картички во износ од 6.000 денари за 5.726 самохрани родители, за 182 271 пензијонер со пензии до 15.000 денари, за 85 108 пасивни баратели на работа, за 520 самостојни уметници, филмски и културни работници и естрадни уметници. Платежни картички купувам домашно ќе добијат уште 540 студенти кои во претходниот пакет не ги добија овие картички. За студентитие дополнително се обезбедува поддршка за ученички и студентски стандард во вредност од 44 милиони денари за годинава, мерка со која ќе бидат опфатени 884 студенти и 347 ученици, наведе Шехпаска.
Оваа криза, оцени таа, има само една позитивна страна, а тоа е зајакнување на солидарноста во општеството затоа што само таа може да не одржи да опстанеме.
– Солидарноста не крепи сите и никој да не биде заборавен, ниту изоставен. Сите граѓани се важни и многу е важно помшта да стигне онаму каде ншто е најпотребна. Овој владин состав исто како и претходниот е столб на кој ранливите категории на граѓани секогаш ќе може да се потпрат. Помошта е наменета за сите не оставаме никој незгрижен, заедно ќе се избориме и со вирусот и со последиците кои ги наметнат, укажа Шехпаска.
Според неа, првите три сета мерки ги запреле сериозните економски удари од пандемијата, спречиле социјално економски последици, биле навремени сеопфатни и водени од принципот никој да не биде изоставен.
– Стотици илјади работни места се спасени и обезбедена е помош за илјадници компании. Вредноста на првите три пакети економски мерки важни за поддршката на стопанството и граѓаните изнесуваше 550 милиони евра, 26,8 милиони евра завршија кај 309 илјади невработгени граѓани и приматели на социјална помош како и средношколци и студенти кои добија платежни картички токму преку мерката купувам домашно, рече министерката за труд и социјална политика.
Одговарајќи на новинарско прашање за помош на најранливите катеГории при купување информатичка опрема Шехпаска упати на новата мерка – Викенд без ДДВ на 10, 11 и 12 октомври, каде ќе има намалуње на данокот за купуње ка опрена. Најранливите категории, наеде рече, се на врвот на нашата агенда.Во изминатиот период го олесниме пристапот на граѓаните за добиање гарантирана минимална помош . Го зголемивме опфатот на приматели на гарантирана минимална помош од 27 илјади пред почетокот на кризата на 32 илјади, а зголемен е и бројот на дец кои примаат образовен додаток.