Шахпаска: Ќе има промени во договорите за работа на определено време


Mинистерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на ТВ Телма најави промени  во времетраењето на договорите за работа на определено време, кои досега траеја 5 години пред да се трансформираат во договори на неопределено време и можност за нивно намалување.

„Работниците бараат 1 година, а работодавачите 3 години. За ова решение ќе престои широка и инклузивна  јавна дебата, по која ќе треба да се најде баланс помеѓу двете барања . Договорите на неопределено време сеуште генерираат  сигурност во делот на социјалните трансфери и  права кои произлегуваат од работниот однос“, рече Шахпаска.​