Сезонските ски-карти од Србија може да се користат и во Македонија

Српските медуми ја испофалија Македонија и нејзините скијалишта - појдете на скијање во Маврово


Возбудлива долина, прекрасно езеро, зелени падини, феноменални пејзажи, скијачки центри, манастири, чист воздух, здрава животна средина се скапоцени богатства со кои може да се пофали Македонија.

Маврово е популарно туристичко место на дното на планината Бистра, покриено со снег од ноември до крајот на април.

Тоа е добро познат летен и зимски туристички центар, познат по своите ски-центри, планински велосипедизам и добро одржувани пешачки патеки. Регионот се наоѓа во рамките на Националниот парк „Маврово“. Исклучителната локација и бројните хотели придонесоа Маврово да стане атрактивна дестинација за туристите во текот на целата година.

Вака, српските медуми ја испофалија Македонија и нејзините скијалишта, за да им кажат на своите граѓани дека нивните сезонски ски-карти може да ги корситат и во Маврово. 

– Добрата вест е што оваа година три последователни дена ќе имате можност бесплатно да ги користите скијачките патеки на скијачкиот центар Маврово токму на ова место. Оваа единствена можност ќе ја имаат и во скијачките центри на скијачките центри на Србија, на сопствениците на сезонски билети на ски-центарот Маврово.

Имено, сопствениците на сезонски билети за скијање во Србија ќе имаат можност да уживаат во оваа поволност која беше достапна минатата година за скијачките центри на Црна Гора, а е достапна и оваа година – пишуваат српските медиуми.