Сериозно повреден работник на јавно претпријатие во Битола

Јавното претрпијатие „Нискоградба“ од Битола соопшти дека негов работник бил повреден на работа. Поради сериозноста на повредите работникот е префрлен на скопските клиники. Настанот се случил денеска.
„Во 8 часот се случи несреќен случај при работа. Се повреди работник на КЈП ‘Нискогардба’. Со возило на итната медицинска помош е однесен е во Клиничката болница Битола, каде после направените иследувања и констатираните повреди е транспортиран во Клиничкиот центар во Скопје“, соопшти „Нискоградба“.