Семејни тепачки, пресметки меѓу малолетници и силувана девојка
Син тепал татко, старец нападнат кај Бит Пазар, тепачки меѓу млади лица, но и пријавено силување на малолетничка денеска може да се прочита во билтенот на МВР.
Во неделата, во 19 часот 60-годишен жител на Скопје пријавил дека во 18 часот во семејниот дом на подрачјето на Шуто Оризари бил физички нападнат од неговиот син К.У.(19).
Дваесет минути по полноќ, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Драчево го лишиле од слобода А.Д.(30) од с.Студеничани, скопско, поради тоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. ж
Во неделата, во 11.30 часот Т.С.(76) од Скопје пријавил дека пред влезот од пазарот Бит Пазар, бил физички нападнат од едно лице.
Половина час по полноќ, било пријавено дека на Градски плочник во Свети Николе, по претходна расправија, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка помеѓу Ѓ.Ѓ.(20) и Б.Б.(18), двајцата од Свети Николе. По кратко време повторно дошло до меѓусебна пресметка помеѓу Ѓ.Ѓ. и малолетник од Свети Николе.
Во 20.45 часот О.А.(22) од с.Пирок пријавил дека во с.Пирок, пред угостителски објект, по претходна расправија, бил физички нападнат од Х.И.(61).
Во 22 часот во СВР Скопје Е.И.(55) од Скопје пријавила дека на 09.10.2021 околу 23.45 часот нејзината малолетна ќерка била физички нападната од С.С., откако претходно со него, Д.Н., И.Н. и нејзината малолетна другарка биле заедно во угостителски објект во Маџари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во 17.50 часот Р.Р.(28) од Радовиш пријавил дека во Радовиш, по претходна расправија, бил физички нападнат од Ф.Е..
Во 17.30 часот Р.В.(46) од с.Моноспитово, струмичко, пријавил дека околу 00.30 часот во угостителски објект во Струмица неговиот малолетен син бил физички нападнат од две лица на возраст помеѓу 25 и 30 години.
Во неделата, во 14.30 часот во СВР Скопје В.С.(39) од Скопје пријавила дека на 09.10.2021 околу 21 часот С.С. и Д.Н. извршиле обљуба врз малолетничка со привремено живеалиште во Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случаите.