Седуммесечно бебе починало на Клиниката за детски болести


Фото: Б. Грданоски

Седуммесечно бебе синоќа починало на скопската Клиника за детски болести, неофицијално дознава „Фокус“.Според информацииte, бебето првиот пат кога било однесено на клиниката било одбиено за хоспитализација, а било примено тек после 48 часа кога органите веќе му откажувале. Информацијата ја потврдил  директорот на скопската Детска клиника, Реџеп Мемеди.

„Точно е. На клиниката синоќа почина седуммесечно бебе. Имало некој синдром и биле оштетени повеќе органи, со што состојбата дополнително се влошила“, истакна Мемеди во изјава за „Фокус“.

Сепак, тоа што претставува најголем проблем за една болница од ваков калибар е кога ќе почне да се зголемува смртноста. Факт е дека во секоја здравствена установа, без разлика дали е државна или приватна, има смртни случаи и за тоа постојат бројни причини. Лекарите не се семоќни, но, сепак, црните бројки, кога ќе пораснат, црвениот аларм мора да се вклучи.Само во рок од месец ипол на Клиниката за детски болести починаа пет деца.