Седумдесетитригодишен велосипедист од Кичево тешко повреден во сообраќајка


Седумдесетитригодишен велосипедист С.Л. од Кичево вчера бил тешко повреден од патничко возило „ауди“, со регистарски ознаки на Македонски Брод, управувано од кичевчанецот М.Ф.(55). Сообраќајката се случила на регионалниот пат Кичево – Македонски Брод.

Велосипедистот, кој се здобил со тешки поведи, бил пренесен во медицинскиот центар во Кичево за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кичево информираат од СВР-Охрид.