Седум пациенти на токсикологија поради вдишани отровни гасови од пожарот во „Пулс“


Седум пациенти во моментов се на Клиниката за токсикологија кои што вдишале голема количина на отровни гасови, вели д-р Андон Чибишев од ЈЗУ УК Tоксикологија Скопје за лицата кои што биле во кочанската дискотека „Пулс“.

Чибишев информира дека пациентите немаат механички повреди туку се со инхалоторни повреди од отровните гасови.

-Добрата вест е што сите се клинички стабилни без клинички манифестации. Пациентите ќе останат до понеделник бидејќи не сме задоволни од токсиколошките наоди. Во меѓувреме ќе направиме дополнителни клинички проверки. И откако ќе ги испишеме, тие ќе останат под наша контрола бидејќи труењето со отровни гасови може да донесе доцни компликации, рече Чибишев на прес-конференција.

Пациентите се на возраст од 19 до 38 години.

-При горењето таму на некои материјали, горела пластика, текстил, сунѓер и ослободени се голема група на отровни гасови. Имам оштетување на централниот нервен систем, срцето, бубрезите…Целиот организам може да биде зафатен, кажа директорот.