Седум лица на суд поради смртни закани кон уметничкиот директор на ОИ во Париз

Шестмина мажи на возраст од 22 до 79 години, како и 57-годишна жена се повикани денеска да се појават во суд во Париз поради смртни закани и навреди што ги упатавале преку социјалните мрежи кон уметничкиот директор минатогодишната церемонија на отворањето на Олимписките игри во француската престолнина.
Уметничкиот директор на ОИ во Париз, Томас Жоли поднесе жалба за смртни закани, откако доби сериозни навреди врз основа на неговата сексуална и верска ориентација преку социјалните мрежи.
Жоли почна да добива навреди по церемонијата на отворање на реката Сена во јули минатата година, откако перформансот со трансвестити доби критики ширум светот, од религиозни до конзервативни политички кругови, кои ја протолкуваа сцената како „несоодветна референца на Тајната вечера“
Организаторите негираа дека имале намера да се потсмеваат со христијанската религија, туку дека сцената го прикажува античкиот бог Дионис.
Во рамки на истрагата француската полиција во октомври лани на југот на земјата уапси седум лица, на кои им се закануваат затворски казни, како и висока парична глоба.