Седници на три собраниски комисии, една од точките е регистрацијата на возилата со странски таблички
Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за економски прашања, за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно правната комисија.
На дневен ред на Комисијата за економски прашања е Предлог законот за регистрација на возила со странски регистарски таблици на територијата на Република Северна Македонија по скратена постапка, во второ читање, а пред членовите на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците е Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени, во скратена постапка во второ читање.
Овој закон е на дневен ред и на Законодавно-правната комисија, која ќе ги разгледа и Предлог на законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година, по скратена, во второ читање и Предлог законот за регистрација на возила со странски регистарски таблици на територијата на Република Северна Македонија, исто така, по скратена постапка, во второ читање.