Седница на собраниската Комисија за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите
Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите.
Пред членовите на Комисијата се Предлог-Деловникот за работа на Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите, Предлог-Одлуката за распишување на јавен повик за ангажирање на двајца технички експерти за постојана поддршка на Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите и Постапката за избор на двајцата технички експерти за постојана поддршка на Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите.