Седеф музика со Роџер Ино во Филхармонија- длабока и медитативна, ве носи во друга димензија (фото)


Фото: Б. Грданоски

Длабока, медитативна, ве носи во друга димензија и сфера- таква беше синоќа вечерта со т.н. „татко“ на амбиенталната музика, британскиот композитор и пијанист Роџер Ино. На концертот, насловен „Седеф“, неговата авторска музика премиерно прозвучи како нова- во аранжмани и оркестрација на Џијан Емин, кој застана зад пултот како диригент. Со мултимедијален карактер- беше надополнет и со моќни визуелизации, поезија, филм – беше како седеф за душата на публиката- длабока, медитативна и вонземска.

Фото: Б. Грданоски

Во последно време Филхармонија на публиката и презентира малку поинаква музика од класичната, сака одвреме навреме да истражува и во други звучни сфери и да се обрати на поширок круг публика, а изборот на Ино, кој соработувал со низа познати музичари како Лу Рид и со британскиот електробенд „The Orb“, со својот брат Брајан Ино, беше полн погодок за Скопјани.

Фото: Б. Грданоски

Критичарите велат дека неговиот естетски код не може лесно да се стави во рамка и дека музиката му е лизгава како риба, кога станува збор за каква било детерминација. Ино креира вивидни и емотивни музички пејзажи. Вели дека го користи креативниот процес на декомпозиција во својата работа, дека го расчленува јадрото на музиката до нејзиниот последен атом, за да дојде до нејзината суштина.

Фото: Б. Грданоски

Дел од атмосферата синоќа во Филхармонија низ фотогалеријата на нашиот фоторепортер Борис Грданоски.

Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски