Се запали луксузен хотел во Француските Алпи


Десетици луѓе беа евакуирани откако синоќа пожар зафати хотел со пет ѕвезди во скијачкиот центар Куршевел во Француските Алпи.

Никој не е повреден во пожарот што избувна на таванот на хотелот „Хотел де Грандес Алпи“ околу 19 часот, соопшти префектурата на регионот Савоја на својата веб-страница.

Службениците соопштија дека повеќе од 90 луѓе биле евакуирани од хотелот синоќа, додека блискиот хотел „Ле Лана“, кој има речиси 200 гости, исто така бил евакуиран утрово поради ризикот бидејќи пожарот сè уште беснеел. Персоналот и гостите се засолниле во други хотели.

131 пожарникар беа распоредени на местото на настанот. Безбедносните мерки во регионот се под лупа откако пожар во бар во швајцарското одморалиште Кран-Монтана на новогодишната ноќ уби 40 лица, а повреди повеќе од 100, од ​​кои многумина тинејџери.