Се влошува ситуацијата во Италија, бројките полоши од вчера


Италија повторно е во паника!

Бројот на заразени лица се зголемува од ден на ден.

Според денешните податоци, во таа земја во последните 24 часа биле регистрирани уште 947 заразени лица, а уште девет заразени лица ја изгубиле борбата.

Во Италија сега се регистрирани вкупно 257.056 случаи на инфекција, а од почетокот на епидемијата починаа 35.427 лица.