Се удави триатлонка на трката „Ајронмен“


Бразилската фитнес триатлнока Мара Флавија (38), која има повеќе од 60.000 следбеници на Инстаграм, исчезна додека се натпреваруваше во екстремниот триатлон Ironman, еден од најтешките трки за издржливост во светот.
Според Њујорк пост, таа се удавила за време на сегментот со пливање на отворени води кај езерото Вудлендс во Тексас, северно од Хјустон, САД.
Тоа беше првата од трите исцрпувачки етапи што ја сочинуваат познатата трка од 225 километри. Оваа делница се смета за најризична, бидејќи натпреварувачите влегуваат во длабока вода, често во густи групи, изложени на бранови, слаба видливост и физички напор уште од самиот почеток.

Кога Мара Флавија не излезе од водата со другите учесници, организаторите веднаш ги известија службите за спасување. На езерото беше започната обемна потрага, додека нејзините следбеници на социјалните медиуми почнаа да споделуваат пораки за поддршка и надеж. Трките Ironman се познати по своите екстремни барања: учесниците мора да поминат речиси четири километри пливање, потоа околу 180 километри возење велосипед и конечно маратон. Иако собираат врвни спортисти, ваквите настани носат и сериозни ризици, особено во првата дисциплина.