Се тепале ученици во Неготино


Во средно општинско училиште во Неготино бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу двајца малолетни ученици. Случајот бил пријавен вчера во 12.20 часот во неготинската полициска станица, информираат попладнево од Секторот за внатрешни работи – Велес.

Во Центарот за социјални работи – Неготино, во присуство на преставници од училиштето, со двајцата малолетници бил извршен службен разговор. Од СВР – Велес додаваат дека по документирање на настанот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Од СВР – Велес информираат и дека вчера во 18:10 часот во ОВР – Кавадарци, Б.Ш., на возраст од 51 година од Росоман, пријавил дека од семејниот дом се оддалечила неговата невенчана сопруга, 39-годишната Е.Х..

– Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, истакнуваат од СВР – Велес.

Подоцна, во 18:50 часот во ОВР – Кавадарци, О.М., 75-годишна жена од село Ваташа, пријавила дека на улицата „Страшо Пинџур“ во селото била касната од куче.