Се тепаат малолетници, сопруга го нападнала мажот, братот – сестрата…


 

Повеќе тепачки регистрирала полицијата во последните 24 часа, а во тепачките учествуваат малолетници, но и сопружници, брат натепал сестра, нападнати се и здравствени работници.

Утрово во 1.05 часот било пријавено дека на подрачјето на Карпош бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу М.М.(32) и 17-годишник двајцата од Скопје.

Истата вечер Ф.Д.(22) од Скопје, пријавил дека околу 10 часот во населбата Радишани бил физички нападнат од А.С.

Во саботата, во 15.40 часот полициски службеници од ОВР Гостивар во Гостивар го лишиле од слобода М.М.(34) од Гостивар, поради тоа што физички ја нападнал неговата сестра.

Истиот ден, во Полициска станица Ѓорче Петров од полициски службеници биле приведени осум малолетни лица на возраст од 14 до 17 години, постапувајќи по пријава според која во 21.30 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, во близина на угостителски објект, неколку лица со тврди предмети нападнале двајца малолетници, кои биле со уште тројца другари.

Околи 21.50 часот во СВР Тетово било пријавено дека Џ.С.(41) од с.Требош, тетовско, агресивно се однесувал кон вработени во Клиничката болница -Тетово и оштетил стакло.

Во 15.30 часот С.Г.(72) од с.Свидовица, струмичко, пријавил дека околу 13 часот во с.Свидовица бил физички нападнат од едно лице.

Во 19.45 часот Е.Х.(21) од Велес пријавил дека во Велес бил физички нападнат од едно лице.

Во 19 часот било пријавено дека на подрачјето на Карпош, 56-годишен маж од Скопје физички ја нападнал неговата сопруга.

Во сабоата, во 10 часот во село Копанчин Дол, тетовско, од полициски службеници од СВР Тетово била лишена од слобода А.Ј.(43), поради постоење основи на сомнение дека по вербална расправија, со остар предмет го нападнала нејзиниот сопруг. По целосно расчистување и документирање на случајот, против сите сторители ќе следат соодветни поднесоци.