Се степале две жени во Аеродром


Повеќже тепачки бележи денешниот полициски билтен, а физички се пресметувале партнери, жени и затвореници.

Имено, утрово во 2.30 часот во СВР Скопје, 50 – годишна жена пријавила дека пред три дена околу 14.00 часот во скопско била физички нападната од нејзиниот партнер М.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Ноќеска пак, во 23.15 часот во СВР Скопје, М.К.(31) од с.Кучевиште, скопско, пријавил дека околу 22.30 часот пред угостителски објект во селото бил физички нападнат од А.К.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во понеделникот, во 10.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на општина Аеродром, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Е.Х.(48) и Е.Р.(67), двете од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Истиот ден, во 21 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека А.Ѓ.(23) со остар предмет бил нападнат од Р.Р.(35), двајцата осуденици од установата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.