Се реконструираат четири улици во населбата Лисиче


В. Д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, заедно со стручни екипи од општината денеска изврши увид во реконструкцијата на улиците „Димитар Македонски“ и „Лавчанска корија“, а наскоро ќе почне обновување и на улиците „Ернест Телман“ и крак од „Арх. Сотир Томовски“ во населбата Лисиче.

Вкупната должина на улиците изнесува 1.200 метри, односно 7.250 м2 асфалт и нови тротоари во површина од 3.250 м2.

Вредноста на проектот, кој е поддржан од Владата, изнесува 39 милиони денари.

– Со оваа инвестиција значително ќе се подобри инфраструктурата, безбедноста и
квалитетот на животот на жителите на Лисиче – сметаат од општината.