Се помалку новозаразени во Италија – денеска 744


Во Италија според најновите податоци во последните 24 часа забележани се 744 нови случаи на заразени со корона вирус, што претставува пад од 7 отсто, во однос на ден претходно кога беа регистрирани 802 нови случаи.
Според Агенцијата за цивилна заштита на Италија, во последните 24 часа пак, починале 179 луѓе, а оздравеле 1.401.
Италија вкупно до сега регистрира 219.814 заразени со корона вирусот. Од последиците на корона вирусот во Италија до сега починаа 30.739 луѓе,  а оздравеа 106.587.
Од денеска, во Италија медицинскиот персонал беше тестиран на корона вирус.
Во болница со Ковид-19 се 13.539 (-79) лица, а на интензивна нега се  999 (-28) лица.
Прв пат по 10 март, бројот на пациенти на интензивна нега е помал од 1.000
Од новите 744 случаи, повеќето се во Ломбардија 364 или 48,9 отсто.