Се појавија пукнатини на столбовите на Пељешкиот мост!? Експертите тврдат дека безбедноста не е загрозена


Според информациите na порталот 24сата, површински пукнатини се забележани на столбовите на Пељешкиот мост кои ги потпираат каблите, но сѐ уште се бараат дополнителни истражувања.

Иако експертите ги анализирале овие пукнатини и заклучиле дека тоа не се структурни проблеми кои би можеле да ја загрозат безбедноста на мостот, останува загриженоста.

Пукнатините се нормална појава на бетонските површини предизвикани од температурни промени и напрегања, но нивното присуство на еден од најважните инфраструктурни проекти во Хрватска предизвикува страв и непријатност.

Да потсетиме, изградбата на Пељешкиот мост, која ја реализираше кинеската компанија ЦРБЦ, започна на 31 јули 2018 година, а техничкиот преглед на мостот беше извршен на 27 јануари 2022 година. Мостот долг 2.440 метри и широк 60 метри, чинеше 23,52 милиони евра.

За време на изградбата, предизвиците беа поставени од условите како распуштена почва и силни ветрови, кои достигнуваа брзина до 150 km/h за време на изградбата. Сепак, експертите пред отворањето на мостот потврдија дека е безбеден дури и при удари на ветер до 250 km/h.