Сè поголеми финансиски шлаканици за Израел: Авиокомпаниите што откажуваат летови се редат како на лента

Авиокомпанијата „Луфтханза“ објави дека ќе ја продолжи суспензијата на летовите до аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив до 15 јуни, што дополнително ќе го изолира овој израелски аеродром.
Реклама
„Луфтханза“, чија група ги вклучува превозниците „Свис“, „Аустриан ерлајнс“, „Еуровингс“ и „Бруселс ерлајнс“, објави дека по проценка на ситуацијата, одлучила да ги прекине летовите до Тел Авив до 15 јуни.
Група авиокомпании се приклучи на списокот на странски авиокомпании што ги откажуваат летовите до Израел на 4 мај, откако балистичка ракета од Јемен го погоди реонот на главниот меѓународен аеродром во Израел.
„Ер Франс“ и полскиот авиопревозник ЛОТ ги продолжија откажувањата на летови до 26 мај. Трансавија ги продолжува откажувањата на летови до 3 јуни. Ер Франс ја продолжи суспензијата на летовите до Израел до 26 мај. Иберија Експрес ги откажува летовите до 31 мај.
„ЕрБалтик“ ги продолжи откажувањата на летови до 2 јуни, додека „Јунајтед ерлајнс“ ги суспендира услугите до 12 јуни. ИТА, исто така, ги продолжува откажувањата на летови до 8 јуни.
„Бритиш ервејс“ ги прекинува летовите до 31 јули, во средината на летната сезона. Ер Индија ги продолжи откажувањата на летови до 18 јуни. Изиџет го одложува продолжувањето на летовите до крајот на јуни. „Ер Канада“, за која се очекуваше да ги продолжи летовите на 8 јуни, го одложи враќањето до септември 2025 година.