Се отстранува врвот на катедралата во Сисак, има 15 тони, а може да падне


 

Денеска почнува отстранувањето на врвот на катедралата во Сисак, Хрватска, откако по земјотресите се навали и може да падне врз околните објекти.

Во целата акција вклучени се 30 луѓе, од полицијата, Хрватската горска служба за спасување, пожарникари, кои ќе ја одработат главната акција, пренесе „Н1“.

„Капата на врвот има околу 15 тони, а кога ќе се отстрани, ќе ги тргнеме и ѕвоната“, вели координаторот на работата.

„Мислам дека во текот на утрешниот ден, ако нѝ дозволат временските прилики, комплетно ќе завршиме со работата“, додава тој.

Акцијата ќе ја спроведат обучени тимови на пожарникари. Ќе им помагаат и припадници на Горската служба за спасување, полицијата и Итна помош.