Се одлучија за повторно затворање, сѐ сопира во 19 часот во Холандија


 

Холандија е првата западноевропска земја која воведува делумно затоврање, поради пандемијата од корона вирус.

рестриктивните мерки ќе стапат на сила претстојниот викенд, објави денеска холандскиот јавен сервис НОС.

Кафулињата, рестораните и непрехранбените продавници ќе мора да затворат до 19 часот, најмалку во следните три недели, почнувајќи од утре, наведува НОС, цитирајќи владини извори.

Од лушето се бара да работат од дома максимално, колку можат, а публиката нема да може да присуствува на спортски настани наредните недели, додава Ројтерс.

Уќилиштата, коната и театрите остануваат отворени.

До вечерва, привремената влада на Марк Руте ќе донесе одлука за новите мерки и ќе ги објави до 19 часот.

бројот на инфекции со корона вирус брзо се зголеми откако се укина социјалнатадистанца кон крајот на септември, па така се постигна рекорд на заболени во 24 часа кој изнесуваше околу 16.300.

Во Холандија се ревакцинирани околу 85 отсто од полнолетните граѓани, а бустер доза за сега е одобрена само за мал број категории луше – имунокомпримитирани и луѓе постари од 80 години/

Минатиот месец околу 55 отсто од пациентите во холандските болници и околу 70 отсто на интензивна нега беа невакцинирани или делумно вакцинирани, покажаа податоците на Холандкиот институт за здравје.