Се намалуваат платите во Германија, прв пат од 2007 година


Корона кризата има негативни последици врз приходите на германските граѓани. За прв пат од почетокот на истражувањето во 2007 година, номиналните плати паднаа минатата година, соопшти Заводот за статистика на Визбаден.

Вклучувајќи ги и вонредните исплати, бруто платите беа во просек 0,6 проценти пониски отколку пред една година, пренесува Танјуг.

Во исто време, потрошувачките цени пораснаа за 0,5 проценти, така што на вработените во „џебовите“ им остана околу еден процент помалку приход отколку во 2019 година.