Се намалуваат цените на бензините и дизелот


Фото: Б. Грданоски

Од вечерва на полноќ за 0,5 денари се намалуваат цените на бензините Еуросупер 95 и Еуросупер 98, одлучи денеска Регулаторната комисија, енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РЕК).

За 1,5 денари се намалува и цената на дизелот, а за 1 денар се намалува и цената на Екстра лесното масло за домаќинствата.

Со новата одлука бензиниот Еуросупер 95 ќе се продава за 75 денари по литар, Еуросупер 98 за 77 денари, а дизелот за 65,5 денари.

Новата цена на Екстра лесното масло е 68 денари.

Цената на мазутот се зголемува за 0,6 денари, и од утре ќе се продава за 37,4 денари по килограм.