Се намалува бројот на вработени во индустријата, во јули биле за 3,8 отсто помалку во однос на истиот месец лани

Бројот на работниците во индустријата е намален за 3,8 отсто во јули 2025 во однос на јули 2024 година, соопшти денес Државниот завод за статистика. Уште понеповолно е ако се споредува бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – јули 2025 година, во однос на периодот јануари – јули 2024 година, при што намалувањето е 4,0 отсто.
Во соопштението на ДЗС се посочува дека бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јули 2025 година, во однос на јули 2024 година, се намалил за 2,4 отсто, во секторот Преработувачка индустрија за 4,0 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,5 отсто.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јули 2025 година, во однос на јули 2024 година, се намалил во групите Енергија за 1,9 отсто, Капитални производи за 8,8 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,8 отсто, а се зголемил во групите Трајни производи за широка потрошувачка за 9,6 отсто и Интермедијарни производи, освен енергија за 0,3 отсто.
Главни поенти
Бројот на работниците во индустријата во јули 2025 година, во однос на јули 2024 година, се намалил за:
2.4 % кај рударство и вадење на камен
4.0 % кај преработувачка индустрија
0.5 % кај снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација.