Се чисти депонијата во дворот на поранешна „Ранка Милановиќ“


DCIM100MEDIADJI_0059.JPG
Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски и министерот за труд и социјална политика во техничката влада Ѓоко Велковски денес беа во посета на поранешниот дом „Ранка Милановиќ“.
 
„Започна решавањето на проблемот во поранешниот дом „Ранка Милановиќ“. Утрово заедно со министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски бевме во посета на поранешниот дом „Ранка Милановиќ“ каде што започна акција за чистење на комуналниот отпад од дворот на објектот. Како градоначалник по извршените консултации со министерот издадов налог на ЈКП Гази Баба со својата механизација да изврши чистење на дворот на објектот и собирање на големата количина на отпад“, соопшти Стефковски.
 
Вели дека заедно со министерот за труд и социјална политика ќе бараат  трајно решение за овој објект, како и за лицата кои се сместени во него.
 
Домот „Ранка Милановиќ“ во кој порано се сместуваа деца без родителска грижа, беше раселен во 2019 година, според програмата која ја спроведе тогашната  министерка за труд и социјална политика Мила Царовска. Но, по заминувањето на децата, домот не се пренамени, па стана засолниште за бедомници.