Се чисти Дабничкиот канал низ Прилеп
Повеќе од Над 600 м3 отпад извадени од Дабничкиот канал во Прилеп ќе бидат транспортирани до депонијата кај Алинци, пишува градоначалникот Борче Јовчески на ФБ.
– Заедно со ЈКП „Комуналец“ будно ја следиме ситуацијата за чистотата во градот и континуирано спроведуваме вакви акции. Сакам да упатам апел до сите наши сограѓани за поголема свест и одговорност за животната средина со цел да не се создаваат диви депонии, затоа што за жал овие места претставуваат извор на зарази за сите жители – пишува градоначалникот, кој е и доктор.

Смета дека покрај нивните напори и ресурсите кои што се вложуваат од страна на ЈКП „Комуналец“ мора сите да бидат самите свесни и совесни, да не придонесуваат за создавање нови депонии.