Се чистат одроните на патните правци во Пијанечко-малешевскиот регион


Врнежите од дожд ги раздвижија одроните во Пијанечкиот регион каде попладнето регистрирани се помали одрони на патните правци Делчево – Пехчево – Берово и Делчево – Македонска Каменица – Кочани. Во моментот, според информациите на подружницата на „Македонија Пат“, исчистени се одрони на делницата кај пехчевското село Црник, како и на останати делници каде се регистрирани одрони.

-Во време кога дождовите продолжуваат, апелот е да се вози внимателно, да се прилагоди брзината и да се почитува сообраќајната сигнализација, истакнаа од „Македонија Пат“.

Нивни екипи, како што додадоа, дежураат на терен со цел отстранување на оние места каде има потреба. 

Поради дождот сообраќајот во најголем дел од патиштата во Пијанечко-малешевскиот регион се одвива по влажни коловози.