Се активира вулкан на Јава


Вулканот Тангкубан Параху денеска се активира и исфрли пепел неколку стотина метри во висина, по што е издадено предупредување за опасност.

Поради активирањето на вулканот затворено е туристичкото место во близина на Тангкубан Параху.
Вулканот се наоѓа на околу 30 километри северно од Бандунга, главниот град на провинцијата Западна Јава.

Индонезија е лоцирана на така наречениот Пацифички прстен и има многу активни вулкани, кои понекогаш претставуваат опасност по живот и го нарушуваат воздушниот сообраќај, посебно на најгусто населените острови како Јава и Бали.