СДСМ: Владата избра луксуз за себе наместо покачување на платите на работниците
Одбивањето на ВМРО да го прифати предлогот на СДСМ за ребаланс на буџетот за обезбедување пари за минимална плата од 600 евра е уште една потврда дека Владата на Мицкоски не сака да ги покачи платите на работниците, се вели во соопштението од СДСМ.
Владата ги избра луксузите на владините функционери и криминалните тендери наместо работниците кои едвај врзуваат крај со крај, Велат од СДСМ.
Со ова се потврдува дека цело време СДСМ е конструктивна опозиција но владата на ВМРО ништо не прифаќа.
Не прифати предлог за покачување на минималната плата, не прифати Анкетна за трагедијата во Кочани, не прифати Резолуција против мигранти за пари, не прифати законски решенија за намалување на цената на храната, не прифати закон за поддршка на приватните компании и покачување на платите.
На ВМРО им смета тоа што СДСМ не е контролирана опозиција како некои други партии, се вели во соопштението на СДСМ.